Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Од:

Трговски брод пријавил дека бил погоден со проектил и претрпел штета на 140 километри западно од јеменскиот пристанишен град Ал Худејда, соопштија Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) и британската безбедносна фирма Амбри.

„Бродот претрпе одредена штета. Екипажот е безбеден и бродот продолжува кон следното пристаниште“, соопшти УКМТО. Амбри исто така објави дека бродот претрпел штета и нема повредени. УКМТО соопшти дека друг брод, на 93 километри југозападно од Ал Худајда, пријавил дека проектили го надлетувале бродот и експлодирале во далечина.

„Командантот пријавил дека два проектила летале над бродот и слушнал два силни удари од далечина. Бродот не пријавил никаква штета и екипажот е безбеден. Бродот продолжува кон следното пристаниште“, се вели во соопштението.

Американската војска доцна синоќа соопшти дека Хутите истрелале две противбродски балистички ракети од Јемен кон Аденскиот Залив и два проектили кон Црвеното Море, но нема извештаи за повредени или оштетувања на бродови на САД или на коалицијата.

Централната команда на американската војска соопшти дека уништила девет противбродски проектили и два беспилотни летала во областите во Јемен контролирани од Хутите.

Хутите постојано лансираа беспилотни летала и проектили врз меѓународни комерцијални бродови во Аденскиот Залив од средината на ноември, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците против израелските воени дејства во Газа.

Нивните напади на Црвеното Море го нарушија глобалниот транспорт, принудувајќи ги компаниите да прават подолги и поскапи патувања низ јужна Африка. Како одговор, САД и Велика Британија започнаа напади врз цели на Хутите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

Германската морнарица по грешка ќе собореше американски дрон во Црвено Море

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“