Жена убиец сее страв во Србија

Од:

Полицијата трага по жена која е осомничена дека учествувала во најмалку две ликвидации, но и во трговија со наркотици.

Мистериозна жена сее смрт во Србија. Трагите од нејзината ДНК се пронајдени на експловите со кои се убиени две лица, но и при заплената на голема количина на хероин кај Краљево.

Вечерње новости пишува дека дополнителните анализи на вештачењето би требало да покажат дали оваа жена учествувала во уште некои злосторства.

-Се уште се обидуваме да откриеме која е таа, но засега тоа оди тешко. Самата ДНК не значи ништо кога немаме конкретна личност со која може да ја споредиме. Двата напади со експлозив се извршени на речиси идентичен начин, а за време на увидот е пронајдена иста ДНК, вели неименуван извор за весникот.

Таинствената дама, која бега од полициските раце, по се изгледа дека е член на силна организирана криминална група.

Дали станува збор само за трговци со експлозив и наркотици тешко е да се каже, но постојат силни индиции дека оваа криминална група се занимава и со нарачани убиства.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија