Актуелниот шампион во АБА лигата Цибона постигна победа од 84:80 над Мега на последниот натпревар од 16.коло од ова натпреварување. Подобрата игра во првите три периоди ја донесоа победата на домашниот тим. Македонскиот репрезентативец во дресот на Цибона Владо Илиевски постигна 9 поени.
Резултати на натпреварите од 16.коло: Металац – Крка 69:67, Игокеа – Шолнок 66:71, Партизан – Цедевита 76:64, Олимпија – Црвена Звезда 81:91, МЗТ Скопје – Будуќност 65:81, Цибона – Мега 84:80.
Натпреварот Левски – Задар е одложен.
Табела: Црвена Звезда 16-0 (победи-порази), Будуќност 13-3, Цедевита 11-5, Партизан 9-7, Цибона 9-7, Олимпија 8-8, Мега 7-9, Шолнок 7-9, Металац 7-9, Крка 6-10, Задар 7-8, Игокеа 5-11, МЗТ Скопје 5-11, Левски 1-14.