СДСМ: Директорите и раководителите да се поставуваат по стручна, а не по роднинска и по партиска основа

Од:

Општинската организација на СДСМ од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески, директорите и раководителите да ги поставува по стручна и по професионална, а не по роднинска и по партиска основа. „Инаку, ниту снегот нема да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи што престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните“, реагираат од СДСМ.

„Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади! Туристите едвај пристигнаа до хотелите, видливо разочарани и непријатно изненадени од состојбата на улиците во градот. Никогаш состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот не била така лоша и катастрофална. Никогаш порано стариот дел од градот не бил целосно блокиран неколку дена“, забележуваат од охридскиот разгранок на СДСМ.

Основниот проблем е неспособноста и нестручноста на раководниот кадар, велат од СДСМ, затоа што работниците што си ги извршуваат професионало работните задачи се истите.

„Дали и за време на божикните празници охриѓани „ќе ги убива туѓиот срам“? Дали градоначалникот Бакрачески ќе си ги признае направените кадровски грешки и дали конечно ќе почне да ги поставува директорите и раководителите по стручна и по професионална основа, а не по роднинска и по партиска“, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација