Слушнавте ли за оваа приказна? Не е завршена

Од:

Приказната за фотографијата со Џон Ангер и неговото куче Шоеп во вода го обиколи светот и многу луѓе не останаа рамнодушни на оваа голема љубов помеѓу човекот и неговиот најдобар пријател.

Јохан открил дека водата има терапевтски ефект, па секој ден заедно со својот болен миленик поминувале заедно во езерото неколку часа. Водата му ги олеснувала артритисот на кучето и му помагала да засипе.

Но, по оваа успешна приказна и излекувањето на својот пријател, Ангер сака да помага и на другите болни животни, па одлучи да се формира здружение.

Изненаден од бројот на донации, во еден момент сфатил дека добил многу повеќе пари отколку што му требаат за нега на Шоеп. Па, со остатокот од парите ќе формира здружение кое ќе им помага на останатите семејства кои не се во можност да ги платат медицинските третмани на своите миленици.

Покрај тоа, со цел да се покаже на светот колку е подобар Шоеп, секој детал од неговото закрепнување е фотографиран.

„Шоеп е навистина подобар. Јас им благодарам на донациите на сите добри луѓе кои ми помогнаа да му овозможам најдобра грижа и еве го сега како среќно мафта со опашката“, рече Џон.

Да потсетиме, кучето Шоеп има 19 години, а неговиот сопственик го пронашол уште како малечко и од тогаш се неразделни пријатели.

Прекрасната фотографија со нив двајца сведочи за постоењето на безгранична и безконечна љубов и за една недела, откако беше поставена на „фејсбук“ доби 250.000 пати, а ја поделија 150. 000 корисници. Според пресметките на „фејсбук“, само во таа недела сликата ја виделе 3 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он