Двајца албански морнари загинаа во операцијата за спасување на запалениот ферибот

Од:

Двајца албански морнари, кои беа на палубата на еден брод-влекач, загинаа во несреќен случај за време на операцијата за спасување на патниците од запалениот ферибот „Норман Атлантик“, јавуваат италијанските медиуми.

Морнарите настрадале кога кабелот со кој биле поврзани два брода во спасувачката мисија, ненадејно пукнал и при тоа ги зафатил луѓето кои биле најблиску и ги притиснал за пропелерот.

Трагичниот инцидент се случил утринава, а загинувањето на двајцата морнари го потврдија и албанските власти.

Засега е познато дека десет патници од фериботот загинаа, а повеќе од 400 се спасени и пренесени на безбедно место во пожарот што во неделата избувна на бродот, додека тој се наоѓаше во Јадранското Море.

Се уште не може да се утврди бројот на исчезнатите лица затоа што италијанските и грчките власти прикажуваат различни бројки за бројот на патниците.

„Норман Атлантик“  патувал од грчкото пристаниште Патрас за Анкона на јадранскиот брег во Италија. Половина од патниците беа грчки државјани, а имаше патници од десетина други земји.

Бродот се запали додека пловеше северозападно од островот Крф, наспроти брегот на Албанија, но се уште не се знае што го предизвика запалувањето во делот каде биле возилата. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница