Вработените во еден циркус во близина на италијанскиот град Бреша, со употреба на ножици и малку боја, успеале да трансфорираат неколку кучиња во панди.
Белите кучиња од расата чау чау биле специјално истрижени и обоени со црни нијанси и изложени на посебен штанд, каде посетителите за паричен надомест можеле „да се сликаат со панди“.
Сепак еден познавач на кучиња ја забележал измамата и ја пријавил во полицијата. Полициајците веднаш интервенирале и на циркусот му ги одземале куќињата. По прегледот било утврдено дека тие се во добра здравствена состојба, освен што постојано им солзеле очите, што веројатно се должи на константната изложеност на блицови од фотоапаратите.
Вработените во циркусот негираат дека биле сурови кон животните и тврдат дека добро се однесувале кон нив.
По завршената истрага, полицијата му ги вратила кучињата-панди на циркусот, но забранила тие да бидат користени во комерцијални цели.