Курти: Косовската Влада има подобри односи со Белград отколку со Тирана

Од:

Лидерот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти изјави дека иако не верува во нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, мора да каже дека денес косовската Влада има подобри односи со Белград отколку со Тирана, пренесува Танјуг.

Курти за Радио Слободна Европа истакна дека не верува во нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина се додека Србија има претензии кон Косово и додека не се соочи со минатото и ја признае независноста.

– Но, од друга страна видовме дека мора да веруваме во нормализација на односите на лидерите на косовските и српски инстутуции. Првпат во независно Косово имаме влада што има подобри односи со Белград, отколку што има со Албанија, или односот на Албанија со Белград, изјави Курти.

Според Курти тргувањето на Хашим Тачи со Србија, не може да го врати на Косово достоинството, суверенитетот и територијалниот интегритет, додавајќи дека државата Косово е во хаос и дека ситуацијата ќе ескалира.

Курти како причина на противењето на движењето Самоопредлување против Специјалнио суд, ја наведе потребата за универзална правда, а не за специјални судови. Според него потреба за нов суд има Србија, бидејќи таа водела четири војни и убила 150 илјади несрпски жители, а за тоа се осудени само 160 Срби.

Според лидерот на Самоопределување косовските политичари треба да бидат во затвор за злосторства извршени во мир за кои знаат сите од меѓународната заедница, а не за некои воени злосторства што ги измислил некој странец.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ