Лукашевич: Проширувањето на НАТО кон Исток ќе ја принуди Русија да преземе соодветни мерки

Од:

Проширувањето на НАТО кон исток ќе предизвика сериозен военополитички пресврт во Европа и Русија ќе биде принудена да преземе соодветни мерки, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич, јави ТАСС.

– Ставот на Русија во врска со аспирациите на Украина за членство во НАТО е добро познат. Евентуалното натамошно проширување на Алијансата кон исток ќе предизвика сериозен военополитички пресврт не само во Европа, туку и во целиот свет, директно ќе ги засегне националните интереси на Русија, поврзани со безбедноста и ќе ја принуди земјата да преземе соодветни мерки, истакна Лукашевич.

– Денешното украинско раководство гледа на зближувањето со НАТО како на  алтернатива за можноста за развивање нормални односи со Русија, што може уште повеќе да ги влоши односите на Федерацијата со оваа братска земја и да стане пречка за соработка, вклучувајќи ги економијата и енергетиката, предупреди тој.

Лукашевич нагласи дека Русија целосно ќе го компензира прекинот на доставките на електрична енергија за Киев.

Министерството за енергетика на Киев вчера времено го спречи снабдувањето со струја на поранешната украинска автономна република, анектирана во текот на пролетта од Русија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје