Дачиќ: Српското претседателството со ОБСЕ е шанса што не се пропушта

Од:

Српскиот прв вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ оцени дека претседателството со ОБСЕ е шанса што не се пропушта и дека Србија треба да помогне организацијата да биде мост меѓу спротивставените страни во украинската криза.

– Земја што на најлош можен начин почувствува што значи изолација, исклучување од меѓународната сцена, од 1 јануари ќе добие можност своето искуство да го претвори во јасна добивка, истакна Дачиќ во авторски текст за „Неделинк“.

Србија според него не смее да се меша во судирот на џиновите на меѓународната заедница поради украинската криза, ниту смее да си дозволи да суди на било кого од големите играчи.

– Оваа игра се води по нивни правила, во нивни раце се и мечот и лебот, и злосторство и казна, и било каков наш суд не само што нема да биде прифатен, туку и  по кратка постапка ќе биде осуден беза право на жалба, изјави српскиот министер Дачиќ.

Србија според него треба да се обиде да биде претседавач што ќе помогне ОБСЕ да биде мост и врска меѓу спротивставените страни, да разговара со сите и да ги убеди дека дијалогот е единствено решение.

– Тоа што е за нас добро, е дека станува претседавачи во момент кога немаме со ниту една од големите сили нерасчистени сметки, ниту било кој проблем поради кој ќе бидеме доживувани како непријател или опасност, нагласи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on