Животинскиот свет е величенствен самиот по себе, а уште повеличенствен е кога пред наши очи се одвива борба за живот или смрт.
Така, патниците на железничката станица во индискиот град Канпур присуствувале на неверојатно спасување на еден мајмун, кој бил спасен од друг мајмун.
Имено, еден мајмун бил сериозно повреден од заштитната ограда на железничката станица и кога изгледало дека животното ќе угине, на помош му пристигнал друг мајмун.
Присутните биле сведоци на 20-минутно оживување на мајмунски начин, кое имало среќен крај.
Повредениот мајмун успешно бил вратен во живот, на радост, како на присутните, така и на животните.
Фасцинантната упорност на малиот итар мајмун за спасување на својот другар била регистрирана со камера од еден од минувачите и снимката набрзо се прошири низ социјалните мрежи.