Протест на српските просветни работници

Од:

Синдикатите на просветните работници попладнево одржаа речиси тричасовен протест во Белград, на кој порачаа дека учениците нема да добијат книшки со оценки на крајот од првото полугодие.

Лидерите на четирите репрезентативни синдикати уште еднаш му ги предадоа своите барања на српскиот министер за образование Срѓан Вербиќ.

– Министерот не не прими, а со останатите не сакавме да разговараме, изјави еден од лидерите на синдикалците, Томислав Живановиќ по враќањето од зградата на ресорното министерство.

– Членовите на четирите синдикати нема да им ги заклучат оценките на учениците на крајот од првото полугодие, бидејќи ќе ги бојкотираат наставничките совети, истакна претседателот на Унијата на синдикати на просветни работници на Србија, Драган Матијевиќ.

На собирот било пренесено дека Владата наместо исполнување на нивните барања за иземање на просветните работници од намалувања им понудила еднократна помош од 7.500 динари.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија