Загубата на домашните миленичиња за многу луѓе е големо травматично искуство.
Поаѓајќи од ваквото искуство, јужнокорејската компанија „Суам“ почна да нуди услуга за клонирање на угинато милениче. За 80.000 евра компанијата „го враќа во живот“ починатото домашно милениче во форма на речиси совршена копија.
Основач на „Суам“ е контровезниот ветеринар и генетичар Ву Сук-хванг, кој беше јавно понижен и исфрлен од една академска институција поради фабрикување на истражувања за клонирање на човечки ембриони. И покрај фактот што беше обвинет за сериозно кршење на законот, тоа не го спречува Ву да води успешен бизнис.
Од основањето на „Суам“ наводно биле клонирани повеќе од 400 кучиња, а фирмата месечно има по 15 клиенти. По успехот во Јужна Кореја, Ву планира неговиот бизнис да го прошири и во САД и Велика Британија.
Техниката на клонирање што ја користи „Суам“ е идентична на онаа со која беше креирана овцата Доли во далечната 1997 година.
Иако добиваат совршени копии на нивните миленичиња, клиентите можат да очекуваат благи разлики, како на пример на пегите кај далматинците, а карактерот на животното сигурно ќе биде поинаков.
Компанијата нагласува дека секое копирање не е своршено и доколку миленичето се роди болно или неспособно, клонирањето мора да се повтори.