Дачиќ: Најпрво имплементација, па промена на Уставот пред влезот во ЕУ

Од:

Србија никој не ја условува веднаш да го менува Уставот по отворањето на поглавјето 35, но би било добро да го промени највисокиот државен акт пред влезот во ЕУ, рече потпретседателот на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, јави Танјуг.

– Несомнено е дека би било добро Србија да го промени својот Устав пред влезот во Унијата, бидејќи на тој начин сите забелешки или сугестии од ЕУ би можеле да се најдат во новиот Устав, но за да се утврди поглавјето 35, најнапред треба да дојде до целосна имплементација на она што е договорено во Брисел, оцени Дачиќ за весникот „Данас“.

На прашањето дали е точно оти Берлин бара промена на српскиот Устав и бришење на Преамбулата за Косово, со што се имплицира признавање на независноста на Косово, Дачиќ рече дека никој пред Србија формално не поставил услов признавањето на Косово да е услов за влез во ЕУ.

По повод изјавата на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц дека би било потребно пред влезот во ЕУ Србија да ги нормализира односите со Косово со правно обврзувачки документ, Дачиќ вели дека потоа следело објаснување дека неговите зборови се однесуваат за нормализација на односите.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца