Необична задача на посветен професор

Од:

Средношколскиот професор од канадскиот град Форт Чапел, Брус Фареф, со децении на неговите ученици им давал иста задача – да си напишат писмо до „возрасниот јас“ на најмалку десет страници.

Секогаш сценариото е исто. Учениците забораваат на многу одамна напишаната домашна задача, но не и нивниот професор. Тој секоја година го исполнува своето ветување и му го препраќа писмото на секој ученик 20 години по пишувањето.

Реакциите на улениците речиси без исклучок биле секогаш исти: неизмерна среќа, возбуда, навирање спомени преточени во еден непроценлив подарок, што им го дава личноста која најверојатно веќе ја заборавиле.

Бидејќи „времето на пишување писма“ го замени времето на и-мејлови и конталти преку социјалните мрежи, нивните рачно напишани писма добиваат уште поголема вредност.

Брус со текот на годините во неговата куќата направил вистински мал архив на писма од сите генерации на ученици на кои им предавал.

– На идејата да си пишуваат писма до „возрасниот јас“ дојдов, затоа што сакав учениците да добијат една интересна, необична и за нив вредна задача. Мојата работа често е од детективска природа, затоа што децата заминуваат на сите страни и некогаш навистина треба да се потрудам сите да ги пронајдам, вели 72-годишниот Фарер, кој смета дека секое писмо ја претставува личноста каква што била некогаш.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ