Видео записот од возењето велопсиед на Дени Максвел на озлогласениот ребен Кјул, објавен на интернет, досега е прегледан повеќе од 25 милиони пати.
Овој гребен претставува предизвик за поголемиот број планинари, а само малкумина велосипедисти би се решиле да го минат на „две тркала“.
Гребенот е долг 13 километри и има околу 20 врвови, од кои највисокиот е 992 метри.
Патеките кои водат до врвовите се тесни и лизгави, а при искачувањето до некои од нив е потребна специјална зимска опрема.
Сепак, сето тоа не го исплашило Максвел, кој важи за еден од најпознатите велосипедисти-каскадери. Ваквата „титула“ тој ја потврди и со оваа авантура.