Поларните мечки може да исчезнат до крајот на веков

Од:

Светскиот фонд за природа објави резултати од истражување, според кое, опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање доколку не се намали испуштањето гасови кои ја менуваат климата во светот, зголемувајќи ја просечната темпреатура.

Климатските промени им се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми на Северниот Леден Океан, предизвикувајќи значително опаѓање на бројот на поларните мечки.

Според извештајот, на поларните мечки им се заканува изгладнување и неможност за размножување долж Канадско-Арктичкот Архипелаг.

Четвртина од поларните мечки на светот живеат во тој архипелаг, каде морскиот мраз е присутен во текот на целата година. Доколку се случи мразот да почне да се топи, тогаш ќе биде загрозен опстанокот на мечките, се вели во студијата објавена во магазинот „Плос уан“.

Со намалување на ледените површини, на мечките им се смалува пристапот до пленот.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он