Во Амстердам од денеска се нудат тестови за откривање на хероин по смртта на неколкумина британски туристи, кои зеле бел хероин, мислејќи дека е кокаин.
Тестовите ќе се продаваат во 30 продавници на Амстердам, како и на улица, јавуваат локалните медиуми.
Тие ќе чинат две евра и се дел од кампањата за информирање и превенција по смртта на тројцата туристи.
Во октомври почина еден Британец, а на 25 ноември во хотелска соба беа пронајдени телата на други двајца Британци на возраст од 20 и 21 година.
Амстердам привлекува голем број туристи поради лесниот пристап до дрогата. Користењето на хероинот како кокаин може да предизвика прекин на работата на респираторниот систем. Седумнаесет лица се примени во болница поради вакви компликации.