Дека мачките имаат девет животи докажа и Ми Муви, милениче на едно американско семејство, која преживеа еден месец патувајќи во картонска кутија, без вода и храна.
Ешли Барт раскажа дека нејзината мачка исчезнала во септември кога нејзиното семејство се селело од Сафок во американската сојузна држава Вирџинија, на Хаваите, кои се на оддалеченост од осум илјади километри.
Кога кутиите стигнале на Хаваите, 36 дена подоцна, Ешли слушнала придушено мјаукање и отркила дека Ми Муви е во една од нив.
– Мачката изгуби половина од нејзината тежина и одеше отежнато, изјави Ешли.
Се поставува прашањето колку животи загубила Ми Муви во текот на оваа неверојатна авантура.