Претставникот на „Human Rights First“, Садиа Хамид изјави за Ројтерс, дека бродот „Професор Кацман“ се закотвил во пристаништето Тартус.
Неименувани официјални извори ја потврдија оваа изјава, истакнувајќи дека бродот, според нивните сознанија, е натоварен со оружје за владата на Сирија, која повеќе од 14 месеци се обидува да го загуши востанието.
Британска агенција наведува дека портпаролот на руската мисија во ОН не бил достапен за коментар.
Арапската телевизија Ал-Арабија, минатиот петок објави на својот веб-сајт дека руски товарен број, кој носи голема количина оружје плови кон Сирија и дека во текот на викендот би требало да се закотви на пристаништето Тартус.
Западните дипломати во Њујорк тогаш оценија дека таа информација не е веродостојна.
Русија со вето, и поддршка на Кина, го спречи Советот за безбедност на ОН да воведе ембарго за увоз на оружје за Сирија и одби да ја прекине продажбата на оружје на Сирија, која е нејзин најголем купец.