ВИДЕО: „Скопје 2014“ се претвора во бомба за меѓуетнички насилства

Од:

Цивил – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис ја промовираа публикацијата „Соочување со реалноста“, која е завршен извештај на пилот-проектот „Сеќавање на минатото – обликување на иднината: локални култури на помнење“. Во овој проект биле опфатени три мултиетнички заедници: Скопје, Тетово и Кичево, за да добие слика за развојот на културата на помнење во мултиетничките заедници, нивните меѓусебни односи и нивниот однос кон минатото

– Очигледно е дека историјата, меморализацијата во Македонија се злоупотребува до крајни можни граници и се претвора во експлозивен материјал кој им обезбедува моќ на одредени структури во земјата. Историјата е злоупотребена повеќе од кога било во минатото и е материјал кој секојдневно се употребува во политичка кампања и тоа многу далеку од она што може да се нарече професионално, експертско гледање на работите. Секако дека високо ги контаминира односите меѓу заедниците во земјата. Круна на оваа злоупотреба на историјата, на сеќавањето е токму проектот „Скопје 2014“, рече Џабир Дерала од „Цивил“

Живееме во време кога историјата, искривена и злоупотребена го запоседна нашето секојдневие и сериозно ги загрозува и онака тензичните меѓуетнички односи и охрабрува насилство. „Скопје 2014“ го промовира насилството, а за тоа сведочат и зголемениот број на меѓуетнички тепачки меѓу младите, од кој последен случај беше во Тетово, во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

– Ако имате повеќе од 100 монументи на многу мала површина во центарот на главниот град, од кои најголем дел се споменици на луѓе кои во рацете држат оружје, студено или огнено, нож, сабја, пушка, понекогаш и две оружја одеднаш, што мислите како тоа ќе делува на луѓето кој секојденвно поминуваат во тој простор. Секако дека е тоа поттикнување, охрабрување, градење на култура на насилство и охрабрување на екстремно насилство. И секако дека тоа насилство дека ќе биде на етничка, религиозна, а и на родова основа.

Овој проект преку интервјуа со политичари, експерти и други профили опфаќа историски период од Илинденското востание и завршува со проектот „Скопје 2014“. Културата на помнење се однесува на вредностите, политиките и практиките на поединечното и колективното помнење, меморијализација на минатото преку обележување на празниците и почитување на спомениците, културното пролонгирање на историските настани, водењето и функционалноста на институциите (библиотеки, училишта, музеи, архиви).

– Мислам дека ова истражување е само почеток на она што треба да продолжи, да се види каков вид на културна меморија постои и дали таа меморија предизвикува поделби меѓу етничките заедници. Конечно, мислам дека треба да се работи за да се изнајдат начини за надминување на разликите помеѓу различните етничите групи, рече Силке Мајер Вит од Форум Цивилен мировен сервис.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски