Колекционерот Франческо Палтероти повеќе не може да спие откако на 21 ноември во возот со големи брозини (ТГВ) од Париз за Женева ја заборави кинеската ролна на која се претставени сликите на дванаесетте бесмртни на Ванг Зенпаг, јавува дописникот на МИА од Париз.
Невнимателниот француско-италијански колекционер ја заборави оваа кинеска ролна од 13-от век, која според проценките може да се продаде за над еден милион евра, но како што пишува регионалниот весник „Дофине“, таа е невозможно да се продаде на легалниот пазар.
Франческо Палтероти е признат колекционер, специјалист на Ван Гог, кој видел дека ја нема ролната само откако слегол од возот на станицата Белгард-сур-Валзерин, додека неговото ремек дело го продолжи патот за Женева.
За да си го врати назад своето „богатство“, Франческо Палтероти е подготвен да понуди награда за секој кој ќе му даде информации. Тој во француските и швајцарските медиуми ја објави својата адреса и телефонски број на кој сите кои имаат информации за ова ремек-дело да му се јават.