Светската здравствена организација денеска соопшти дека бројот на заболемните од смртоносната болест ебола во светот ја надмина бројката од 16 илјади.
Податоците од СЗО исто така покажуваат дека од оваа болест починале речиси 7.000 луѓе.
Најголемата досега забележана епидемија на ебола најтешко ги погоди западноафриканските земји Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.