Две милијарди евра за вработување и социјална вклученост во Бугарија и Фландрија

Од:

Европската комисија денеска ја усвои Оперативната програма за имплементација на Европскиот социјален фонд на белгиската провинција Фландрија, како и на Бугарија, за периодот 2014-2020 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Во однос на приоритетите и целите за кои Фламанците и Бугарите добиваат по над една милијарда евра (од кои по 394 милиони евра од буџетот на ЕУ), тоа се создавање на работни места и зајакнување на социјалната кохезија во Бугарија и Фландрија.

Оваа програма на Унијата има за цел да ги дополни постојните фламански иницијативи за вработување и социјално вклучување и охрабрување на иновативни социјални мерки и транснационалната соработка.

Таа, исто така ќе поддржи голем број на акции кои се насочени на претприемништвото, на социјалната економија, слабо квалификувани млади луѓе и на Ромите во Бугарија и во белгиската провинција.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија