Тажно мало куче веќе две години чека на влезот на болницата во Новосибирск, каде бил хоспитализиран неговиот сега веќе починат сопственик.
Маша веројатно стана најсаканото куче во Новосибирск, а пациентите и персоналот на болницата се трудат да и обезбедат се што и е потребно и се надеваат дека некој ќе ја вдоми.
– Погледнете и ги само очите. Колку се тажни… немаат сјај, кои можат да се видат кај среќно куче. Гледате само тага во очите на кучето исто како и во очите на луѓето, вели доктор Владимир Беспалов. – Медицината неможе да и помогне, но се надеваме дека Маша ќе најде друг сопственик, додава тој.
Инаку Маша била во сопственост на еден постар човек од селото Двуручје, кој се разболел и во болницата дошол со својот куќен љубимец.
Додека тој лежел во болничката постела, Маша била единствен негов посетител. Навечер се враќала до нивната куќа за да ја чува, а наутро повторно доаѓала во болницата.
Таа истото го прави и денес.