Романија постигна микростабилност и ги исполнува сите пет критериуми за конвергенција на Договорот од Мастрих, но и покрај тоа еврото како национална валута ќе може да го воведе по две години, изјави шефот на Националната банка на Романија, Мугур Исареску.
Тој наведе дека во моментот романската економија е стабилна, но има проблеми на микроекономско ниво.
– Микро проблемите се всушност многу големи, дури стана пракса да затвориш фирма, а потоа да отвориш нова на друго место и да немаш никаков проблем, истакна Исареску, додавајќи дека има многу фирми кон навреме не ги подмируваат долговите кон државата.