Женската фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од Унгарија со убедливи 8:0 во контролен дуел одигран во Телки.
Головите за домашната селекција ги постигнаа: Јакабфи Зсанет од пенал (14. минута), Сипос Лила (18, 75, 83), Зелер Дора (28), Хумел Смуцзер Ангела (60), Ваго Фани (69) и Сцизар Хенриета (81).
За македонскиот селектор Добре Димовски вчерашниот натпревар беше јубилеен – 100.ти и воедно последен на оваа функција.