Косовскиот фудбалски сојуз нема да биде примен во ФИФА и УЕФА, а за пријателските натпревари ќе се раговара понатаму.
Така се одлучи по состанокот на кој Фудбалскиот сојуз на Србија го имаше со челниците на европската и светската фудбалска федерација.
„Се разговараше за можноста на Косово да му се дозволи да игра пријателски натпревари. Членовите на ФСС ги известија надлежните за штетните последици од една таква одлука, како за српскиот фудбал така и за целиот регион“, се наведува во соопштенито на Фудбалскиот Сојуз на Србија.
ФИФА неодамна во Будимпешта одобри Косово да може да игра пријателски натпревари, но по реакцијата од српска страна одлуката ја суспендираше.
Против одлуката Косово да може да игра пријателски натпревари беше и УЕФА, бидејќи Косово не е членка на Обединетите Нации.