Димовски против Унгарија јубилеен и последен пат на селекторското место

Од:

Македонската женска фудбалска репрезентација утре во Телки ќе и гостува на Унгарија на контролен натпревар кој ќе биде јубилеен 100.ти и воедно последен за селекторот Добре Димовски.

– Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпревар имајќи во предвид дека во Македонија првенството е во тек, како и во земјите каде што играат нашите репрезентативки што вусшност ја диктира добрата форма на играчите кои се најдоа на мојот список. Ке излеземе на терен со јасна цел и визија да го дадеме максимумот. Моја најголема желба е да одиграме одличен натпревар и да издвојуваме позитивен резултат со оглед на тоа што ова ми е последен натпревар. Тоа би ми било најубавиот подарок од фудбалерките, изјави селекторот Димовски за официјалната веб страна на фудбалската репрезентација на Македонија.

На списокот на Димовски за оваа средба повикани се следниве фудбалерки: Милевска Катерина (ЖФК Кочани), Наташа Андонова (Турбине Потсдам), Крстановска Симона (ЖФК Конзули Јунајтед), Андонова Сијче (СВ Блау Вејс), Андреевска Ленче (ЖФК Драгон 2014), Костова Драгана (ЖФК Јагодина), Скерлевска  Стефани (ЖФК Кочани), Арсова Олгица (ЖФК Драгон 2014), Тодоровска Моника (ЖФК Драгон 2014), Веселинова Ана (ЖФК Кочани), Марковска Александра (ЖФК Драгон 2014), Атанасова Станкица (ЖФК Драгон 2014), Салихи Афродита (ЖФК Кочани), Јаковска Елио (ЖФК Драгон 2014), Костова Фроска (ЖФК Младост Оризари), Рочи Гентјана (ФЦ Луцерн), Митревска Тања (ЖФК Кочани), Арсова Милка (ЖФК Драгон 2014).

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург