Последна индустрија која порацвета во Кина, е онаа која се занимава со куќните миленици. Љубителите на животни трошат по 1,5 милјарди долари за разубавување на нивните домашни миленици.
Кина е земја со најмала стапка на наталитет во светот, така што се поголем број на двојки од средната општтествена класа, попрво одлучуваат своето време и пари и да ги трошат на животните, отколку на деца.
Едно просечно шангајско семејство, кое има четири мачки и две кучиња, месечно трошат околу 600 долари за храна на животните, песок и шампони. Тука се и годишните трошоци за здрвствени прегледи, кои чинат 245 долари, како и купките од јапонско потекло и џемперите за во зима.
– Ги носам моите кучиња и мачки во салон за убавина, на лето се разладуваат во студени купки, а некогаш и во спа одделита со кал, вели Ју.
Ова не е единствен случај, речиси седум проценти од домаќинставата во Кина имаат кучиња, а два проценти мачки.
Се очекува индустриската гранка за грижа на куќните миленици во Кина многу брзо да напредува и да забележи раст од 43 проценти во следните две години, достигнувајќи промет од 2,2 милијарди долари.