Најмалку 17 настрадани и 18 исчезнати во поплавите во Мароко

Од:

Најмалку 17 лица настрадаа, а уште 18 се водат за исчезнати во поплавите предизвикани од силното невреме на југот на Мароко, соопштија денеска мароканските власти.

Само во градот Гуелмим, на југот од земјата, настрадале 13 лица, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни  работи, известија мароканските медиуми.

Во соопштението се наведува дека продолжува потрагата по исчезнатите во регионите Гуелмим, Агадир, Оуарзазате и Маракеш, кои беа  погодени од исклучително силно невреме, пренесоа американските медиуми.

Локалните медиуми информираат дека градот Маракеш, што е особено популарен кај европските туристи, исто така, е поплавен и дека сообраќајот во ова подрачје е во прекин.

Десетици куќи се делумно или сосема уништени, а 100 патишта се отсечени, вклучувајќи и шест национални сообраќајници.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска