Украинскиот крал на гасот Сергеј Курченко доби српско државјанство

Од:

Украинскиот крал на гасот Сергеј Курченко (29), чие богатство се проценува на повеќе стотини милиони евра, а се наоѓа на црната листа на Брисел, доби српско државјанство по забрзана постапка, објави „Блиц“.

– Претпоставуваме дека се очекува Курченко дел од своите милиони да вложи во Србија, бидејќи се наоѓа на седмото место на листата на Форбс за најбогати Украинци. Курченко, кој е руски државјанин, иако е роден во Харков, Украина, српско државјанство по забрзана постапка можеше да добие како странец со привремена работа во Србија, изјави неименуван извор за белградскиот весник.

Тој истакна дека најверојатно српското Министерство за енергетика предложило, а Владата прифатила Курченко да добие српско државјанство.

Курченко е на листа на ЕУ на лица од поранешната власт во Украина, кои подлежат на санкции и замрзнување на имотот. Тој по професија е адвокат, а на 19 години имаше 200.000 долари капитал, а неколку години подоцна имотот на неговата фирма се проценуваше на 300 милиони долари.

Курченко по смената на власта во Украина замина во Белорусија, но Минск му откажа гостопримство и тој отпатува за Москва.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија