Доаѓа времето на „ламберсексуалците“

Од:

Хипстерите одат во заборав, метросексуалците позеленуват од љубомора, спорносексуалците почнуваат да прифаќаат друга мода…, бидејќи доаѓа времето на „ламберсексуалците“.

Во коренот на новиот збор е „ламбер“, што на англиски значи „дрвена градба“, така што во слободен превод „ламберсексуалец“ би можел да се нарече „дрвосечач“. Кај нив односот кон животот, стилот на облекување и општиот изглед се повеќе работа на случајност, отколку на внимателно планирање.

Ламберсексуалците се жива спротивност на метросексуалците, кои врвот на славата го доживеаја мината деценија.

Затоа „дрвосечачите“ наместо тесни фармерки, избираат широки, наместо мазно избричената брада, ја имаат онаа од „три дена“ и носат карирани кошули, наместо маици со апликации.

Меѓутоа, и тие трошат речиси исто пари, како и нивните предходници за да го негуваат својот стил.

Сајтот „Геар Јанки“ можеби најдобро го опишува овој тренд. – Тој посетува кафеани, но изгледа како да ќе сече борови. Во ранецот носи „Мекбук Ер“, но изгледа како во него да носи секира, вели Том Пазук.

Значи она што е заедничко за ламберсексуалците и метросексуалците не е гардеробата, ниту пак негата на телото, туку намера – двата типа на маѓи вредно работат на тоа да остават одреден впечаток, а можеби и начин на размислување.

Независно од тоа дали корените на ламберсексуалноста се во културна промена кон зачувувување на животната средина или бунт против стилот кој наметнува „работење од 9 до 17 часот“, неможе да се негира дека има се повеќе љубителите на ова „движење“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ