Сами сме творци на својата среќа

Од:

Постојано сме бомбардирани со пораки за тоа што го прави животот добар. Огласувачите ни велат дека среќата доаѓа од поседување и конзумирање на нивните производи. Медиумите тоа го позврзуваат со убавината, богатството и славата. А политичарите велат дека ништо поважно не е од економскиот раст. Но, дали барем една од овие работи ќе донесе вечна среќа?

Со илјадници години одговорите на тоа прашање луѓето го барале во филозофијата, религијата и мудроста на постарите. Но, во последните неколку децении оваа древна мудрост е тестирана на научни истражувања.

Научниците откриле дека иако нашите гени и околности се важни, голем удел во нашата среќа имаат и нашите сопствени избори и активности. Така, иако не можеме да ги промениме нашите наследни карактеристики и околностите во кои се наоѓаме, ние и понатаму можеме да влијаеме на нивото на нашата среќа, со начинот на кој пристапуваме на животот.

Движењето за среќа, меѓународно движење за позитивни општествени промени, идентификува 10 работи за среќен живот, врз основ на големо истражување за тоа што навистина помага на луѓето да бидат среќни. Ова не се 10 заповеди, бидејќи секој од нас е единствен и она што одговара на едно лице не мора и на друго. Ова се едноставно 10 области кои можат да придонесат за поголема среќа кај луѓето, а што е најважно сите овие области се под наша контрола.

Правете работи за другите

Грижата за другите луѓе е клучна за нашата среќа. Помагањето на другите не е добро само за нив, туку и за нас. Не прави среќни и може да го подобри нашето здравје. Давањето исто така помага и за изградба на посреќно општество за сите. Не е се во парите, можеме да го подариме нашето време, идеи и енергија. Значи, ако сакате да се чувствувате добро, правете добро.

Идеи:
Направете три љубезни дела. Понудите на некого помош, подарете прилог, дајте на некого комплимент, насмејте некого. Помогнете на човек на кој му е тешко. Јавете му се или понудете му своја поддршка. Нека знае дека се грижите за него.

Поврзете се со луѓето
Нашите односи со луѓето се најважни за нашата среќа. Луѓето во силни врски се поздрави, посреќни и живеат подолго. Нашите блиски врски со семејството и пријателите ни пружаат љубов, значење, поддршка и зголемено чувство на самодоверба. Од витално значење е да се преземат мерки за јакнење на нашите односи, да создаваме нови врски.
Идеи:

Издвојте повеќе време за луѓето кои ви се важни. Разговарајте со саканото лице, јавете им се на вашите родители или играјте си со децата. Воспоставете три нови познанства денес. Почнете разговори во продавница, мавнете му на соседот, запознајте некој нов.

Водете сметка за своето тело
Нашето тело и мозокот се поврзани. Физичките активности не прават посреќни и поздрави. Веднаш го подобруваат нашето расположение, дури можат да не извлечат од депресија. Не мора да трчаме маратон, постојат поедноставни работи кои можеме да ги направиме за да бидеме поактивни секој ден. Можеме да поминуваме повеќе време на отворено, хранејќи се здраво, со помала употреба на технологијата и добар сон.

Идеи:
Бидете поактивни денес. Излезете од автобусот една станица пред саканата, качете се по скали, изгасете го телевизорот, прошетајте. Јадете квалитетна храна, пијте што повеќе вода, надоместете го сонот. Ќе забележите дека физичката активност го подобрува вашето расположение.

Обратете внимание на светот околу вас
Дали некогаш сте помислиле дека мора да постои нешто повеќе во животот? Добри вести – постои! И тука е пред нас, само треба да застанеме и да забележиме. Научете да бидете свесни. Тоа ќе направи чуда за вашето добро расположение, прошетка до работа или начинот на кој јадеме или воспоставуваме врски. Ни помага да бидеме во согласност со нашите чувства и не одвраќа од размислување за минатото или грижите за иднината.

Идеи:
Дајте си на себе малку простор. Барем еднаш дневно застанете и одвојте пет минути само да дишете и да уживате во моментот. Ќе ги забележите и ќе ги цените добрите работи околу себе секој ден, дали биле големи или мали. Дрвјата, пеењето на птиците, мирисот на кафето, смеењето можеби?

Продолжете да учите секој ден
Учењето влијае на нашата благосостојба на повеќе позитивни начини. Не изложува на нови идеи и ни помага да останеме љубопитни и ангажирани. Исто така, ни дава чувство на остварувања и ја јакне нашата самодоверба и отпорноста. Постојат многу начини со чија помош можеме да научиме нови нешта, не само низ формална квалификација. Можеме да делиме вештини со пријателите, да им се придружиме во клуб, да научиме да пееме, да играме нов спорт или многу други работи.

Идеи:
Направете нешто за прв пат денес. Пробајте суши, променете ја рутината, прочитајте други весници или посетете локална атракција. Научете нова вештина. Направете некој оброк или научете нов збор.

Радувајте се на новите цели
Позитивниот став за иднината е многу важен за нашата среќа. Сите имаме потреба од цели кои не мотивираат, кои се доволно предизвикувачки да не возбудат, но и кои се остварливи. Ако се обидеме нешто невозможно, можеме да создадеме непотребен стрес. Бирањето на важни, но реални цели, ни дава насока во животот и ни пружа чувство на задоволство и исполнување кога ќе ги постигнеме.

Идеи:
Преземете прв чекор. Размислете за целта и направете една работа за почеток. Упатете повик, исполнете форма, обавестете ги другите. Поделете ја желбата со тројца луѓе, кажете дека тоа е многу важно за вас оваа година и сослушајте ги нивните цели.

Најдете начин да зајакнете од стресот
Секој од нас се сретнува со стрес, загуба, пад или траума во животот. Нашата реакција на оваа состојба има големо влијание на нашата благосостојба. Често не можеме да влијаеме на работи кои ни се случуваат, но можеме да ја избереме нашата реакција. Во пракса тоа не е едноставно, но едно од највозбудливите откритија од неодамнешното истражување е дека отпорноста, како и многу други вештини во животот, може да се научи.

Идеи:
Побарајте помош денес. Доверете се на пријател, разговарајте со стручњак, обратете се на колега, прашајте сосед за помош. Кога нешто ве мачи, направете нешто во што уживате. Променете го своето расположение и најдете нов поглед на проблемот.

Заземете позитивен став
Позитивните емоции како што се радост, благодарност, инспирација и гордост, не се само добри кога ги доживуваме, тие исто така ни помагаат подобро да функционираме, да ја прошириме нашата перцепција, да ја зголемиме отпорноста и да го подобриме нашето физичко здравје. Значи, иако мораме да бидеме реални кога се во прашање подеми и падови, фокусирањето на добрите аспекти од животот е од помош во секоја ситуација.

Идеи:
Направете нешто што ќе ви помогне да се чувствувате добро. Слушајте музика, гледајте нешто смешно, излезете надвор или поканете стар пријател. Обидете се да се насмеете и да кажете нешто позитивно секогаш кога ќе влезете во просторијата. Обратете внимание на реакциите кои ќе ги добиете.

Чувствувајте се добро во својата кожа
Никој не е совршен. Но, пречесто имаме негативно мислење за себе и нереално мислење за другите луѓе. Обрнуваме внимание само на своите недостатоци – што не сме добиле, наместо што сме добиле; па ни е многу потешко да бидеме среќни. Научете да се прифаќате сами себе, со своите недостатоци, бидете љубезни кон себе кога работите ќе појдат на лошо. Тоа ќе ви помогне полесно да ги прифатите и другите луѓе, ќе го зголеми уживањето во животот, вашата отпорност и благосостојба.

Идеи:
Прашајте доверлив пријател или колега што мислат кои се вашите посилни страни. Обидете се подобро да ги користите. Бидете љубезни кон себе како што сте кон другите. Гледајте на своите грешки како на можност за учење. Забележувајте ги работите во кои сте добри.

Бидете дел од нешто важно
Луѓето кои имаат смисла и цел во својот живот имаат поголема контрола над својата среќа. Исто така, доживуваат помалку стрес, анксиозност и помалку се депресивни. Но каде можеме да најдеме смисла и цел? Тоа би можело да биде работата, нашите религиозни или духовни убедувања или нашето семејство. Одговорите варираат за секој од нас, но сите укажуваат на поврзување со нешто поголемо од нас самите.

Идеи:
Почувствувајте се како дел од нешто важно. Поминете време со децата, гледајте во ѕвездите, посетете инспиративна локација или придружете се на некој клуб. Бидете похумани. Подарете го своето време на други, понудете помош на соседите и пријателите, размислете за донирање на крв или за волонтирање.

Гардијан – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ