СДСМ: По 9 години власт, Груевски и неговите соработници конечно најавуваат нови патишта

Од:

„Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вчера, самата соопшти дека по патишта низ Македонија за изминатите 10 месеци, загинале 110 граѓани.

110 семејства се во црно!

Власта на ВМРО-ДПМНЕ до овој момент не излезе со анализа колку од овие сообраќајки се резултат на лошите патишта, на црните точки, на недостигот на соодветна сигнализација.

По 9 години власт, Никола Груевски и неговите соработници конечно најавуваат нови патишта.

Да имаа малку совест пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да креваат рака за поддршка на владините милионски задолжувања за тркала и фонтани, додека испогинаа луѓе по патиштата во Македонија. И денеска ќе се срамеа да излезат пред нас граѓаните“, се вели во писмената реакција на СДСМ на пресот на В.Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра