Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Од:

Нова бројка. Нова бајка на арамијата Мицкоски. Најавува 1.000 евра плата. Во Собрание не прифаќа 600 евра минимална плата ама надвор сака да раскажува бајки. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај има ново прзно ветување ама нема решение. Просечната плата не се зголемува со говор, изјави Маја Серафимовска-Борозан од СДСМ.

– Животниот стандард не се подобрува со бајки. На работникот му треба повисока плата на сметка денеска. Му требаат пари за храна, за сметки, за своите деца. СДСМ поднесе предлог за минимална плата од 600 евра. ВМРО-ОКГ не го поддржа. Руската Левица не беше во салата. ЗНАМ не даде глас. Кога требаше да се застане зад работникот, поддршката изостана од Мицкоски, ВМРО, и нивните сателити како ЗНАМ и Левица.

Толку од бајките на Мицкоски и неговите сателити на далечинско. Граѓаните живеат тешко. Работниците едвај го поминуваат месецот. Две минимални плати не ја покриваат ниту скратената владината кошница. Синдикалната кошничка со кирија надминува 90.000 денари. Храната е прескапа. Горивата до плафон. Платите не стигнуваат ниту до средина на месецот. Ребалансот е потврда за целиот дебакл на економските политики на Мицкоски. Втор ребаланс за само две месеци како признание за промашувањата. Нема пари за плати, нема за пензии, нема за работниците, дупката е 900 милиони евра, за пензиите фалат 1 милијарда евра. Целосен дебакл. Затоа се трупаат нов и долгови врз грбот на народот. За само 2 години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра. Не за поголеми плати и пензии, туку за криминални тендери. На бајките на арамијата нема крај. Сметката ја плаќа народ, нагласи Серафимовска-Бороза

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните