Штајнмајер: Проруските сепаратисти се подготвуваат за нови судири во источна Украина

Од:

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер предупреди дека проруските сепаратисти во источна Украина се поодготвени за нови судири со украинската армија.

Тој наведе дека има индикации, потврдени од набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за „нови движења кои укажуваат дека сепаратистите се подготвуваат за тешки судири“.

– Во сегашната ситуација нема смисла од прераспределување и подготвување на нови судири во тој регион. Тоа не е во корист на никого и се губи време, кое е потребно за политичка и економска стабилизација во Украина, Враќањето кон воена конфронтација е штетно за сите, истакна Штајнмајер на прес-конференцијата со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Претходно, Украина соопшти дека се подготвува за воени дејствија како одговор на распоредувањето на руски војници во источниот дел од земјата. Распоредувањето на руски војници беше потврдено и од НАТО.

Би можело да ве интересира

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина