Швајцарски научници: Духовите постојат само во нашиот мозок

Од:

Духовите постојат само во нашиот мозок и научниците сега точно знаат во кој дел од мозокот можат да се пронајдат и зошто се појавуваат, според резултатите од истражувањето што го спроведе тимот од Ecole Polytechnique Federale de Lausanne (EPFL).

Швајцарски научници заклучија дека „духовите“ односно „чувството на нечија невидлива присутност“ е производ на нашиот мозок во момент кога поради болест, исцрпеност или стрес мозокот на миг го губи поимот за тоа каде телото се наоѓа во просторот.

Тие во лабораториски услови успеале да создадат илузија на постоење на духови, односно доживување на невидлива присутност.

Пациентите кои страдаат од невролошки или психијатриски состојби често опишувале чувство на непозната присутност, а слични искуства безброј пати опишувале и алпинисти, истражувачи, преживеани, како и лица кои ги изгубиле најблиские членови на семејството.

Заедничкиот опис на нивните искуства било дека „чувствувале нечија присутност“ но не ја виделе.

Така планинарот Рајнхолд Меснер во јуни 1970, додека се спуштал со брат му од врвот на Нанга Парбат, исцрпен и измрзнат во услови на разреден воздух, доживеал присуство на трет планинар неколку чекори зад себе, но секогаш надвор од видното поле. Рекол дека не го видел, но чувствувал дека е таму.

Тимот научници на Олаф Бланге од ЕПФЛ успеал кај доброволниците да создаде илузија на странска невидлива присутност во лабораторија, а понудил и објаснување на феноменот.

Научниците покажале дека чувството на нечија невидлива присутност е последица на променети сензомоторни сигнали во мозокот кои се одговорни за свеста за сопственото тело и неговата положба бидејќи го попречувале мозокот во интегрирањето на информациите за движењето на сопственото тело со чувство на положба на сопственото тело во просторот.

Научниците го збунувале мозокот на испитаниците во лабораториски услови со помош на робот кој ги допирал испитаниците по мозокот  со одложување, додека тие во исто време сами ги повторувале таквите движења.

Дел од испитаниците настанатото доживување го опишале како чувство на нечија присутност, а неколку дури и како присутност на духови.

Чувството на непријатност во некои случаи било со толкав степен што испитаниците барале да се прекине експериментот.

Научниците заклучиле дека мозокот, кога еднаш веќе е попречуван, тие информации веќе не ги толкува како информации за сопственото тело, туку ги интерпретирал како туѓа присутност.

Комуникациските несогласувања се случувале меѓу инзуларниот, фронтопариенталниот и темепропаријеталниот кортекс на мозокот во текот на размената на инфомрации и нивното интерпретирање.

Резултатите од истражувањата се објавени во списанието „Current Biology“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ