Коала направи колапс во сообраќајот во Сиднеј во текот на ноќта.
Полицијата на Нов Јужен Велс го „уапси“ животното, а потоа направиле серија смешни фотографии како на коалата и ставаат лисици и ја транспортираат во полициско возило, а ова доживување го споделиле на Фејсбук.
Во извештајот се наведува дека коалата била запрена и запрашана дали ги знае опасностите за преминување на улица. Исто така, бидејќи коалата не ја почитувала наредбата морале да ја уапсат. Се разбира, сето тоа е шега.