Одделението на Алјаска за риба и дивеч ги предупреди жителите на оваа американска сојузна држава, дека мечките се уште не заминале во зимски сон, поради што можат да бидат привлечени од хранилките за птици и контејнери за отпад.
Благите температури и малото количество снег доведе до тоа мечките се уште да лутаат и да бараат храна за да се снабдат за зимскиот сон, при што најмногу ги привлекуваат хранилките за птици и контејнери за ѓубре, рече Дејв Бетл од Одделението за риба и дивеч.
Овој оддел има добиено информации дека мечките се активни во центарот на Енкориџ и оти во последно време имало повеќе напади.