(ВИДЕО) Костова: Министерските души болат повеќе

Од:

Уредничката на Фокус, Јадранка Костова на денешната дебата организирна од Центарот за развој на медиуми рече дека душевната болка на министрите е многу поголема.

Како пример ја посочи тужбата од екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој од Фокус бараше 16.000 евра оштета.

Костова се осврна и на последната тужба до Фокус од директорот на УБК, Саш Мијалков. Рече дека постапката ќе ја тераат до Уставен иако не се надеваат на позитивен епилог. Постапката ќе одела така за да можат пресудата да ја обжалат пред Судот за човекови права во Стразбур.

„Само за да појаснам што е најапсурдно во пресудата против нас за текстот за Милошоски е дека судијата констатирал дека министерската душа боли подлабоко и честа им е поголема. Ова е најдиректно спротивно на стандардите на Стразбур“, рече Костова.

Би можело да ве интересира

Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

ЗНM: Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

А1он

Жерновски ќе тужи: Не сакам моите деца да мислат дека татко им е криминалец

Ана Ололовска

Општина Центар: Жално е што „Фокус“ пласира тенденциозни и манипулативни текстови за да се оцрни работењето на Жерновски

Ана Ололовска

Уставен „пресече“ против „Фокус“ а во корист на Мијалков

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Костова: Срамот за цензура на „бомбите“ ќе го носат тие што ќе го гласаат законот

Емир Латифовиќ