На интернет неодамна се појави оглас во кој се бараат волонтери за милување на мачки, што го објави еден „азил“ за незгрижени животни во градот Њукасл на северна Англија.
„Азилот“ бара личности кои се подготвени да се грижат за мачките и воедно да им помогнат да се прилагодат на луѓето, на тој начин што постојано ќе ги милуваат.
„Азилот“ во моментов се грижи за 15 напуштени мачиња, кои наскоро би требало да бидат вдомени.
Заинтересираните ќе имаат обврска да ги милуваат малите мачиња од три до седум недели, во текот на нивната „социјализација“, која е од клучено значење за нивото напредување. Во спротивно, мачките ќе останат диви и тешко би се прилагодиле на живот во дом, наведуваат од „Азилот“.
Задачата нема да биде воопшто лесна, затоа што на почеток е многу тешко да им се доближите на дивите и полудивите мачки.
Во „Азилот“, уверуваат дека за вистинските љубители на мачки нема да биде никаков проблем, ако некое маче ги изгребе.