Американката Ен Кадет, кој се храни по принципите на „палео диета“, донела заклучок дека премногу пари троши на месо и затоа нашла алтернатива – да се храни со кучешка храна.
– Забележав дека храната што ја јаде моето куче, се вклопува во принципите на „палео исхраната“ – има многу протеини, не содржи житарки и нема глутеин, вели Кадет.
Таа одлучила во текот на една недела да јаде само кучешка храна.
Резултат? За таа недела ослабела еден килограм и го регулирала шеќерот во крвта.
Кога станува збор за вкусот, Кадет вели дека сето тоа варира од производител до прозиводител, но и типот на кучешката храна, додавајќи дека имала многу лоши, но и многу убави оброци.
Кадет вели дека во текот на придружувањето на оваа необична диета имала многу енергија, но и дека не би продолжила да се храни само на овој начин.
Експертите предупредуваат дека и на кучињата и на луѓето им се потребни амино киселини, но дека кучешкиот организам сам произведува витамин „Ц“, поради што него вообичаено го нема во нивната храна.