Холандската Влада одобри екстрадикција во САД на рускиот државјанин Владимир Дринкман, обвинет дека е член на хакерска група, која украде податоци од 160 милиони картички.
Дринкман беше член на група составена од четворица Руси и еден Украинец, против кои Обвинителството во Њу Џерси минатата година подигна обвинение за хакирање, окарактеризирана како најголема кражба на податоци во САД, при што беа оштетени корпорациите за неколку стотина милиони долари.
Портпаролот на холандското Министерство за правда и безбедност Јоб ван де Санде синоќа изјави дека министерот Иво Опстелтен одобри екстрадикција на Дринкман, што беше предуслов да може да му се суди во САД.