Повеќе хрватски медиуми ја пренесоа анализата на новинарот Зденко Дука посветена на Македонија, спорот за името, антиквизацијата и слободата на медиумите во земјава. Под наслов „Лажна националистичка мегаломонија-Блокадата Македонците ги сврти кон минатото“ написот излезе во весникот „Глас на Истра“ а е пренесен и на интернет страната на „Нови лист“ и се појаснува дека блокадата за името, ја втурнала земјава во антиката.
-Во прилог на лажната тезата дека Александар и Филип Македонски се најславните претци на Македонците последниве години центарот на Скопје станува се повеќе „постар и поубав“. Еден голем тематски и меморијален парк посветен (неретко лажно) на македонската историја, со безброј огромни споменици и големи нови згради во неоантички стил на брегот на Вардар.
Преуредувањето на градот според проектот Скопје 2014 сеуште трае. Пред некој ден беше отворена новата зграда на Археолошкиот музеј. Никој не знае колку точно пари се потрошени и уште колку ќе се потрошат за целосна обнова на центарот на Скопје, но се поизвесно е дека се работи за неколку стотици милиони евра , а тоа е премногу за една мала и сиромашна држава на Балканот.
Просечната плата во Македонија е 320 евра, а невработеноста над 25 проценти. Во 2013 година растот на БДП беше од 3, 1 насто, но според податоците на Еуростат за БДП по жител, Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, пишува хрватскиот Нови лист.
Извештајот за напредокот на Македонија според ЕУ кој излезе пред петнаесетина дена покажа дека се потребни подобрувања, посебно во слободата на изразување и медиумите, како и во независноста на судството, за да се запре политичкото назадување и пат позицијата на Македонија. Брисел е посебно критичен поради отсуството на политички дијалог во земјата., пренесува Нови лист.