Словак освои седум милиони евра на лотарија

Од:

Сопственикот на еден тикет во Словачка со четири случајни комбинации за пет евра, во лотаријата „Евромилиони” освои 7,1 милиони евра, една од највисоките добивки во земјата, информираа тамошните „Хосподарске новини”.

Аналитичарите, кои ги цитира весникот, на победникот му препорачуваат парите да ги инвестира во заеднички фондови, хартии од вредност, орочени депозити или купување на акции на котирани друштва, јави дописникот на МИА од Прага.

Тие сметаат дека треба да се инвестира и во купување на злато, дијаманти, уметнички дела или недвижен имот.

Друга опција е парите да се инвестираат во некој успешен бизнис.

За банкарските експрти е најважно, новиот словачки мултимилионер финансиски да се едуцира.

– Треба добро да ја прослави победата, но повеќе во близок круг луѓе, а со добивката што е можно помалку да се фали. Над седум милиони евра се пари со кои располага мал круг на луѓе во Словачка, вели приватниот банкар Мартин Марвинчин.

Би можело да ве интересира

Над еден милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија

ВИДЕО: Инфлуенсер фрли милион долари од хеликоптер: Луѓето се тепаа за парите

Предраг Петровиќ

Камионџија добил три пати на лотарија за само 11 месеци

Постигната 7-ка во Кичево, вредна над 500.000 евра

Милиони Американци во надеж: Добивката на Мега милионс над милијарда долари

Предраг Петровиќ

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер овозможено од www.loto.mk

Ана Ололовска