Многумина велат дека кучето е најдобар пријател на човекот, но со тоа сигурно не би се согласил еден дилер на дрога од американската сојузна држава Алабама.
Имено, нарко дилерот Едвард Мелвин Хендерсон избегал од својата куќа во местото Пратвилеј, во моментот кога пред неа се паркирало полициско возило.
Хандерсон се сокрил во блиските грмушки во дворот на куќата, а неговото куче, кое е мешавина од пит бул и хаска, потрчало по него.
Откако полицијците влегле во дворот на дилерот, го затекнале кучето како весело мавта со опашката пред грмушките во кои се криел Хендерсон.