За поранешниот премиер на Малезија еднаквоста меѓу половите е глупава идеја

Од:

Поранешниот малезиски премиер Махатир Мохамад изјави дека признавањето на апсолутна еднаквост меѓу мажот и жената е „глупава идеја ’’ и дека исламот со сите средства треба да се избори со оваа идеја, се поприсутна во Малезија.

Mахатир Мохамад, кој до 2003 полни 22 години беше претседател на владата на Малезија овој став го соопшти денеска, на меѓународен форум за иднината на исламот, што се одржува во Куала Лумпур.

Поранешниот малезиски премиер, чија политичка кариера заврши со неуспешните долгогодишни обиди во државата да обезбеди одлучувачка улога на малајското домородно население во политиката, а особено во економијата, поентираше дека би признал еднаквост со некоја жена само ако таа успее да стане премиер.

Медиумите во Малезија не пропуштија да пренесат дека Др. Мохамад ги обвинил мажите од Малезија дека стануваат се помрзеливи, а тоа го користат жените кои се повеќе се образуваат и веќе заземаат видни места во политиката и економијата на неговата држава. Опасноста, според него, доаѓа и поради тоа што жените со повисоко образование сега се мажат за помалку образовани партнери, а тоа им овозможува да мислат дека дури се и супериорен пол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски