Семејство на патници од исчезнатиот малезиски авион поднесе тужба

Од:

Две деца чиј татко беше меѓу патниците на исчезнатиот авион на „Малезија Ерлајнс“ поднесоа тужба до Вишиот суд во Куала Лумпур, против авионската компанија и малезиската влада.

Ова е првата тужба за отштета на некоја од жртвите на авионот што исчезна на 8 март. И покрај бројните потраги, досега не се разбра што се случи со леталото, ниту пак се откриени било какви траги од авионот и од неговите патници.

Малезискиот авион леташе на линијата од Куала Лумпур до Пекинг и во него имаше 239 патници и членови на екипажот.

Адвокатите на двете неполнолетни деца на патникот Џои Јинг Ханг, во тужбата до судот ги обвинуваат државните воздухопловни власти за „немарност и негрижа“ во потрагата и за неуспехот да се дојде до било каква трага или сознание околу авионот, иако поминаат осум месеци од неговото исчезнување. Тие ја тужат и авионската компанија за „прекршување на договорот“ што таа го има со секој патник, со купувањето на авионската карта, за тоа дека гарантира сигурен и безбеден лет.

Еден од адвокатите изјави дека доволно долго се чекало за да се разјасни случајот со авионот и смета дека по бројните изјави и сведочењето на разните воздухопловни експерти, располагаат со доволно докази за покренувањето на овој судски процес.

– Неприфатливо е во денешно време, во услови на високо развиена технологија, да се остане на тврдењето за исчезнувањето без трага на еден голем авион, рече адвокатот.

Тој најави барање на отшетата, но не прецизираше ништо околу нејзиниот износ.

Владата на Малезија инсистира дека не се откажала од потрагата и дека сега се смета оти авионот треба да се бара во јужните делови на Индискиот Океан, во реонот на западниот австралиски брег, во линија со градот Перт. Владата сепак не може да каже што се случило за да леталото направи толку голема отстапка од својата редовна траса и наместо кон североисток, да тргне кон југ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски