Шерли била свесна дека враќањето на изгубеното домашно милениче ќе ги израдува нејзините деца, но не очекувала ваква емотивна реакција од нивна страна.
Имено, Шерли на една бензинска станица го забележала нивниот мачор кој исчезнал пред три месеци и на пат кон куќата решиле да го сними повторното враќање на домашното милениче и неговата средба со децата.
Меѓутоа, враќањето на мачорот било премногу емотивно за нејзиниот син Шон.
Секој кој има доживеано вакво или слично искуство, знае колку оваа ситуација може да биде емотивна, а тоа најдобро се гледа и на самото видео.